Joomla Vorlagen by User Reviews FatCow

За нас

НВО ,,МАГ-култура и искуство,, од Скопје е формирана во 1996 година и  со години  успешно работи на културниот проект ,,Претставување на македонската култура низ светот и кај нас,,.   

Има реализирано голем број проекти меѓу кои ке ги споменеме:
ЦД изданија:
-продукција на компакт дискот ,,Архимед,, со групата Фолтин, 2002 година.
-продукција на компакт диск на женскиот младински хор со диригентот Запро Запров во 2002 година.
-продукција на компакт дискот на флејтист Страшко Темков, 2005 година. 
-продукција на компакт дискот ,,Божилак,, со Тоше Проески, 2006 година.
Продукција на театарските претстави: 
- ,,Баханалии,, на Горан Стефановски, 34 изведби низ Европа, 1996/2001 година.
- ,,Цезар,, на Огнен Георгиевски - Биљана Гарванлиева, 16 изведби низ Европа и Бразил, 2000/2002 година.
-балетски перформанс ,,Зборувај ми,,- гостување во Америка 2005 година. 
-продукција на театарската претстава ,,Тито-сигурни диаграми на копнежот,,  гостување во Италија, Германија, Словенија, Хрватска, 2006 и 2007 година.

Реализирани  проекти:
-гостување на женскиот хор ,,Св. Злата Мегленска,, во  Грција, Португалија, Полска, Словачка,  2000 – 2004 година.
-реализација на  манифестацијата ,, Кокино, 4000 години подоцна,, во 2006 година. 
-музичката манифестација ,,Скопје етно,, во 2005 и 2007 година со претставување на  дваесетина  македонски музички етно  групи.  
-денови на македонската култура со учество на  групата ,,Синтезис,, хорот ,,Злата Мегленска,, групата Мајовци, во Австралија и Шведска,  2005 и 2006 година. 
-гостување на ,,Златните славејчина,, во Австралија  2007 година и организација на фестивал ,,Златно славејче,, во неколку градови на Австралија.  
-учество на  етно групата Мајовци на европски фестивал на Wordl music  во Формиа и Маранола - Италија,  јануари 2008  година.  
-концерти на групата Леб и Сол низ Балканските земји и Канада, 2008 и 2009 година.
-организатори и реализатори на Културно лето-Карпош, 2008, 2009 и 2010 година.
-концерти на групата Синтезис во Канада и Лондон, 2010 година.
-концерти на солистите од фестивалот Златно славејче во Канада и Лондон,2010 година и подготовка на фестивалот Снегулки во Торонто, 2010 година.
-коорганизатор на еколошкиот фестивал “на другата страна” во Додоше-Монтенегро, 2010 година
-денови на македонската култура во Лондон октомври/ноември 2010. Учесници: групите - Леб и сол, Фолтин, Инфјус; театри – мал драмски театар Битола, турски театар Скопје; изложба на урбана фотографија – опшстина Карпош; разговор за македонската литература – со Горан Стефановски и Зоран Маџиров.
-изложба на малот битолски Монмартр во Спиро Арт во Лондон јуни 2011 година.
-концерт на етно групата Мајовци на престижниот Родкилд фестивал во Данска, јули 2012 година.
-Карпошево културно лето август – септември 2012 година.
-преставување на градот Охрид во Градската галерија Челзи во Лондон преку изложба на фотографии, мај 2012 година.
-изложба на Карпошева графичка мапа во Градската галерија Челзи во Лондон, јуни 2012 година.
-меѓународен хорски фестивал “Музика и море“, во Паралија, Грција септември 2012 година.
-турнеја на групата Леб и сол во 5 градови низ Австралија октомври – ноември 2012 година.

Најголемиот дел од овие проекти  се копродукции со странски и домашни партнери и работени со средства од спонзори и средства од  европските културни фондови.